Ракометното евро заврши со триумф на Шведска, а многумина се прашуваат колку заработуваат најдобрите ракометари во своите клубови
Најплатените ракометари не се ни приближно добро платени како оние со највисоки примања во фудбалот, кошарката, хокејот, бејзболот, американскиот фудбал… Но, првите десет со најдобри договори според totalsportal.com сепак не треба да се жалат .
Одиме по ред, очекувано играчите на ПСЖ се на самиот врв. Данецот Микел Хансен во 2022 година ќе добие 1,5 милиони евра, дури половина милион повеќе од второпласираниот соиграч Французинот Никола Карабатиќ.
Се селиме во Бундеслигата, бидејќи трет по приходи е 40-годишниот Данец Ханс Линдберг, кој има 850 илјади евра во Фуксе Берлин, а по него е Домагој Дувњак со 800 илјади евра во Кил.
Петтата и шестата позиција по плата ги поделија уште еден Хрват Лука Циндриќ (Барселона) и Норвежанецот Кристијан Бјорнсен (Алборг) со 700 илјади евра.
Седми е данскиот голман од Кил , Никлас Ландин со 650 илјади евра, а околу половина милион добиваат Шпанецот Алеис Гомеш (Барселона) и Исланѓанецот Арон Палмарсон (Алборг).
ТОП 10 го заклучува Шпанецот Аитор Арино, кој е третиот играч на каталонскиот великан од Барселона во друштво на најплатените.
Сепак, оваа листа треба да се земе со резерва, бидејќи на неа не се Норвежанецот Сандер Сагосен (Кил), Германецот Андреас Волф (Киелце), Французинот Лука Карабатиќ (ПСЖ) и некои други кои според некои извори имаат приходи со кои би биле меѓу десетте најплатени .