Селекторот на кошаркарската репрезентација на Словенија, Александар Секулиќ го објави поширокиот список на кошаркари за Мундобаскетот.

На списокот од 20 кошаркари се најде и големата НБА ѕвезда на Далас маверикс, Лука Дончиќ, но и кошаркарот на Денвер нагетс, Влатко Чанчар.

Мундобаскетот се игра од 25 август до 10 септември, а Словенија е во групата Ф каде што се и Грузија, Венецуела и Зеленортските Острови.