Србија ја доби првата четвртина со 24-13, по што Германија ја намали негативата до полувреме на 38-31, но потоа Јокиќ и другарите блеснаа и ја добија третата четвртина со 27-10, по што немаше дилема за победникот.
Јокиќ беше најдобар на теренот со 22 поени и пет скокови, додека Василије Мициќ постигна 14 поени, а на спротивната страна Андреас Обст постигна 12 поени.
Србија ќе учествува на Евробаскетот, кој се игра од 1 до 18 септември, а се наоѓа во групата Д со Финска, Холандија, Чешка, Израел и Полска.