Норвешките ракометари ја совладаа Германија со 28:23 (14:12) во натпреварот од третото коло во групата 2 во втората фаза на Европското првенство.
Така избраниците на селекторот Кристијан Берге ја остварија втората победа во оваа фаза и се пробија на третата позиција во групата.
Германците поведоа со 2:0, но до средината на првото полувреме не успеаја да остварат повеќе од два гола предност.
По 6:6 Норвежаните полека поведоа, за на полувреме да заминат со два гола предност (14:12).
Норвешка ја одржуваше предноста во продолжение, во 50. минута имаше пет големи гола предност кои успеа да ги сочува.
Во победничкиот тим најефикасни беа Торштајнсен Тофт со седум, и Себастијан Бартолд и Сандер Сагосен со по четири гола.
Кај Германците четири гола постигна Јоханес Гола, по три Јулијан Костер и Филип Вебер.
Во следното коло Норвежаните ќе играат со Шпанија во недела од 20.30 часот, а Германците истиот ден од 18 часот ќе се сретнат со Шведска.