На еден пред стартот на Европското првенство, стигнаа добри вести од таборот на македонската репрезентација. Денешните тестирања минаа одлично, сите Ковид – тестови се негативни, па селекторот Кирил Лазаров, но и сите поддржувачи на ракометарите можат да здивнат. Во овие тешки времиња на пандемија, се е можно.
За постетување Македонија пред самото заминување за Дебрецен имаше четири позитивни играчи на Ковид-19. Митревски, Кизиќ, Ојлески и Младеновиќ останаа во Скопје, Лазаров повика двајца нови голмани Трајковски и Чаневски.
На прес-конференцијата во Дебрецен, Лазаров изјави дека биле подготвени за едно вакво сценарио, жали за сите што нема да бидат и најавува максимална борба.
Составот за утрешниот меч со Словенија (18 часот) ќе биде познат по задолжителните тестирања.