Норвешките ракометари ја совладаа убедливо Франција со 27-22 на Летните олимписки игри во Париз.
Норвешка ја најави својата победа уште во првото полувреме, кое го доби со убедливи 16-10, а во вториот дел успешно ја чуваше предноста.
Франција неколку пати намали на три гола негатива, меѓутоа Норвешка секогаш имаше одговор за противникот и триумфира со 27-22.
Норвешка имаше изненадувачки налет, додека Франција започна да го губи здивот и делуваше дека нема повеќе сили за враќање во мечот. Домашните играчи започнаа да промашуваат лесни шутеви, по што стана јасно дека Норвешка ќе го впише вториот триумф во групата Б. Најефикасен кај Франција беше одличниот Дика Мем со десет голови, додека кај Норвешка најдобар поединец беше Александер Блонц со седум гола, а зад него следуваа Грондал и Лисе, кои додадоа уште по пет.
Франција е во незавидна позиција после двата неочекувани порази, но уште има големи шанси за прогрес во четвртфиналето. „Триколорите“ во следните три меча ќе играат со Египет, Аргентина и Унгарија.
Норвежаните имаат две победи по две одиграни кола, додека Франција е на дното во групата Б со два порази.