Карл Гајгер дојде до третата победа сезонава и поведе во генералниот пласман со скокови од 132 и 141 метар, односно со 288,3 бодови.
Словенецот Анже Ланишек заврши на второто место со два скока од 134,5 метри (283,1 поени), додека третото место му припадна на другиот домашен натпреварувач Маркус Ајзенбихлер (132,5 и 132 метри, односно 273,9 поени).
Победникот на новогодишната турнеја Јапонецот Риоју Кобајаши натпреварувањето го заврши на петтото место со скокови од 133 и 131 метар, па остана без лидерското место во генералниот пласман на Светскиот куп.
Гајгер сега има 997 бодови на првото место во генералниот пласман, Кобајаши има 11 помалку на второто место, а на третото место е Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд со 749 бодови.
Денес на програмата е уште едно натпреварување во Титизе-Нојштад.