Атлетико Мадрид губеше со 2:0 на полувремето, а со 2:1 на влезот во судиското надополнување за на крајот да ја победи Валенсија .
Голема победа по голем пресврт забележаа фудбалерите на Атлетико Мадрид во 22. коло од Ла Лига. Атлетико губеше со 2-0 на домашен терен од Валенсија во 64. минута, но на крајот победи со 3-2.
Првото полувреме целосно и припадна на Валенсија, во 25. првиот гол го постигна Јунус Мусах, додека во финишот на првото полувреме Хуго Дуро зголеми на 2:0 и се чинеше дека гостите се блиску до победа.
Тој впечаток особено се зголеми откако Валенсија издржа со недопрена мрежа во првите 18 минути од вториот дел, но потоа следеше пресврт. Матеус Куња погоди во 64-та, но мрежите повторно долго време мируваа.
На влезот во надополнувањето Валенсија имаше 2:1, но во првата минута од судиското продолжение Луис Суарез шутираше , голманот Доменеш лошо реагирашеи одби само до Анхел Кореа кој израмни на 2:2.
Во третата минута од продолжението се заокружи големиот кам-бек и пресврт, а херој беше Марио Ермосо со гол за 3:2.
Атлетико со ова славје стигна до 36 бода и е на четвртото место со четири бода помалку од Бетис но и со натпревар помалку. Валенсија е во слаба серија од три порази на последните четири средби и се наоѓа на деветтото место.