Највисоки плати во Италија имаат Матијас Де Лихт, Алексис Санчез и Паоло Дибала
Душан Влаховиќ ќе биде еден од најплатените фудбалери во Серија А, поточно четврти во Италија. Јувентус му обезбеди годишен приход од 7.000.000 евра. Со бонусите вклучени во договорот, таа плата би можела да биде поголема за уште милион, пишуваат бројни италијански медиуми.
Напаѓачот на српската репрезентација го потпиша еден од најголемите договори во италијанскиот фудбал. Во Јувентус само двајца фудбалери се повеќе платени од Душан Влаховиќ – Холанѓанецот Матијас Де Лихт со 8.000.000 евра годишно и Аргентинецот Пауло Дибала со 7.300.000 евра по сезона.
Интересно е тоа што славниот Златан Ибрахимовиќ, кој во Милано заработува 7.000.000 годишно, има исти примања како и Душан Влаховиќ. Исто така и Адриен Рабио и Војчех Шчесни од Јувентус. Уште еден клупски колега од Јуве, Леонардо Бонучи, има високи примања, 6.500.000, исто колку и Артуро Видал во Интер.
Милион евра помалку од Влаховиќ имаат напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, соиграчот од Јувентус, Алекс Сандро и стоперот на Наполи, Калидо Кулибали.