Кошаркарите на Денвер славеа над Бруклин со 124:118.
Српскиот центар Никола Јокиќ постигна 26 поени, 10 скока и осум асистенции, а имаше и една украдена топка.
Покрај Никола, за Денвер одлична партија пружи и Остин Риверс, кој 22 од своите 25 поени ги постигна во вториот дел, со феноменални 7 тројки од 10. обиди.
Денвер е на шестата позиција во Западната конференција по третиот врзан триумф во НБА лигата со 26 победи и 21 пораз, додека Бруклин е четврти во Источната конференција со 29 победи и 19 порази.