Не соопштија многу детали, само тоа дека постигната е спогодба за иконата на Вардар да остане, дури и со можност за продолжување на соработката и по јуни 2023 година.
„Тимур Дибиров, клупската икона на Вардар ќе го носи „црвено-црниот“ дрес на Вардар и во следната сезона, најмалку до јуни 2023 година, со можност за продолжување на соработката. Клубот и левото крило на Вардар се договорија за продолжување на соработката со што Русинот ќе ја игра десеттата сезона во Скопје“, соопштија од клубот
Раководството на Вардар, и претседателот Михајло Михајловски успеало да најде заеднички јазик со Русинот за тој да ја смени одлуката.
„Среќен сум што отанувам во Вардар. Не можам да се замислам во друг дрес и друг клуб. Им благодарам на сите за поддршката што ми ја даваат. Со клубот се договоривме за продолжување на соработката и заедно да постигнуваме резултати како и досега, изјави Тимур Дибиров.
Левото крило дојде во Вардар во 2013 година и оттогаш има освоено седум шампионски титули и седум куп титули. Покрај тоа со Вардар трипати го освои Супер купот на Македонија, четирипати беше победник на СЕХА лигата и двапати беше европски првак.