Лионел Меси најверојатно нема да се врати во Барселона бидејќи веќе ја прифатил понудата на Ал-Хилал и на лето ќе го засили клубот од Саудиска Арабија, објави ексклузивно „Ел Чирингито“. Така тој повторно ќе игра во истата лига со Кристијано Роналдо кој е во Ал-Наср.
Според гласините, понудата на Ал-Хилал била за плата од 500 милиони долари по сезона.
Инаку, Лео ги минува последните недели како фудбалер на Пари Сен Жермен.
Тој се врати на тренинзите на тимот по суспензијата затоа што отпатувал во Саудиска Арабија на краток одмор без да добие дозвола од раководството.
Но, можеби тој одмор ќе биде и клучен за спектакуларен трансфер на Лионел Меси во Ал-Хилал.