Последниот во шпанската Ла Лига, Елче дојде до четвртиот бод сезонава со четвртото реми, трето во последните четири меча, откако денеска го изненади Еспањол во Каталонија со ремито 2-2.
Гонзало Верду на осум минути пред крајот го шокираше Еспањол, откако каталонскиот глуб успеа да направи пресврт и да дојде на чекор до победата. Пер Мила по 11 минути донесе водство за Елче, па Хави Пуадо во 24-та и Мартин Брајтвајт во 67-та дадоа голови за пресврт, но домаќините не издржаа за да запишат триумф.
За Еспањол ова е исто така четврто реми сезонава, но со 10 бода е на 13-то место, а Елче и по 11 рунди останува единствен во шпанската елита без победа.