Шведска тргна катастрофално во натпреварот и до средината на полувремето постигна три гола (3-13), а до паузата успеа да намали на осум голови негатива (11-19).
Франција го чуваше водството и во вториот дел, додека шведските ракометарки се обидуваа да внесат неизвесност во дуелот, меѓутоа грешките во нападот и лошата одбрана беа казнети од противникот.
Хорачек беше најдобра кај Франција со девет голови, додека Хагман постигна пет за Шведска.
Франција во финалето на СП ќе се бори против Норвешка за златниот медал.