Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, не се согласува со изјавата на неговиот колега од Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, за Килијан Мбапе и негово останување во Париз.
Аргентинецот вчера изјави дека тој и Килијан Мбапе 100 отсто ќе останат во Париз и покрај бројните шпекулации. Наводно, Покетино е веќе сменет и останува само да се заврши сезоната која ќе заврши со еден трофеј, во францускиот шампионат, каде речиси сите ги видоа и пред почетокот на кампањата.
„Покетино рече дека Мбапе ќе остане 100 отсто? Па… Понекогаш тренерите не ја ни кажуваат вистината“, изјави Италијанецот.