Неверојатна сцена камерата забелажа на првенството на Обединетото Кралство во снукер.

Марк Вилијамс, трикратниот светски шампион, заспа на своето столче за време на натпреварот против Ентони Хамилтон во второто коло на турнирот. Тој заспа додека го чекаше својот ред да игра. Во тој момент водеше со 3:2, а на крајот загуби со 6:5.

“Им се извинувам на сите кои го гледаа овој натпревар, никогаш не ми се случи во текот на мојата 30-годишна професионална кариера. Само ми падна главата и пет секунди не знаев каде сум. Се срамев… Очигледно има уште многу замор. откако го преболев коронавирусот, не се чувствувам добро по короната“, рече Вилијамс откако стана хит на социјалните мрежи.

https://twitter.com/ShamoonHafez/status/1465335580208906242?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1465335580208906242%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Ftrostruki-prvak-svijeta-u-snookeru-zaspao-usred-meca-sramota-me-je%2F2322010.aspx