Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа уште еден убедлив пораз од Северна Ирска во квалификациите за СП 2023. По оние 0-11 во Скопје, сега избраничките на селекторот Кирил Изов загубија со 9-0 во Белфаст.
Повторно без неколку најдобри во тимот, македонските фудбалерки беа комплетно инфериорни. Мекгини постигна хет – трик, Халовеј и Фурнес по два гола, а во листата на стрелците се запишаа и Мегил и Бити.
Македонија е претпоследна во групата со три освоени бода.