Фудбалскиот генијалец и легенда на македонскиот фудбал Горан Пандев повторно заигра во дресот на Интер. Легендите на италијанскиот великан одиграа пријателски натпревар во Батуми против поранешните репрезентативци на Грузија.
Победи Интер со 2-0, со головите на Луис Фиго. Пандев се потсети на шампионските денови на Интер носејќи го повторно дресот со број „27“.