Фудбалерите на Бетис го освоија Купот на шпанскиот крал откако ја совладаа Валенсија во Севиља по подоброто изведување пенали (5:4) по резултат 1:1 во регуларниот дел од натпреварот.
Зелените го освоија првиот трофеј по 17 години.
Се играше 11. минута од натпреварот кога Белерин се проби по десната страна и го вработи Борха Иглесијас, кој се „поклони“ и со глава ја затресе мрежата на Мамардашвили.
Бетис ја имаше теренската иницијатива и по постигнувањето на голот, но „лилјаците“ успеаја да го израмнат резултатот во 30. минута,по „брз“ контра напад кој на извонреден начин го реализира Уго Дуро.
Избраниците на Мануел Пелегрини можеа да дојдат до ново водство во финишот на првото полувреме, но Каналес ја погоди стативата.
Динамичен фудбал видовме и во вториот дел, Дуро пропушти одлична прилика на почетокот, а потоа ударот на Хуанми на другата страна го одбрани Мамардашвили.
Следуваа шанси на Бетис, се обиде Каналес, Хуанми ја погоди стативата, Иглесијас шутираше дирекно во голманот, а потоа Солер од десетина метри на другата страна го погоди Браво.
Регуларните 90 минути завршија без победник, па отидовме во продолжение во кое немаше многу вистински шанси и покрај тоа што ритамот не падна премногу.
Решаваа пеналите, сите изведувачи погодуваа до четвртата серија кога Мусах промаши цел гол, по што Бетис со головите на Тељо и Миранда стигна до големиот трофеј.