Њукасл ремизираше на незгодното гостување кај Вулверхемптон (2-2) во 10. коло од англиската Премиерлига.
Калум Вилсон донесе водство од 1-0 во 22. минута, но радоста на гостите траеше до 36. минута кога Марио Лемина израмни на 1-1.
Фудбалерите на Њукасл ја вратија предноста преку Вилсон од пенал во четвртата минута од судиското надополнување во првото полувреме, додека конечните 2-2 ги постави Хванг Хи-Чан.
Екипата на Еди Хау е шеста во првенството со 17 бодови, додека Вулверхемптон е на 12. позиција со 12 бода.