Лeo Меси е во составот на ПСЖ за вечерашниот натпревар на гости против Ремс, објави парискиот клуб.
За 34-годишниот Меси, кој потпиша двегодишен договор со ПСЖ, со опција за продолжување на уште една година, откако му истече договорот со Барселона, ова треба да биде негов прв натпревар со новиот тим откако пристигна на 10ти август.
Аргентинецот нема играно официјален натпревар од финалето на Копа Америка, во кое Аргентина славеше против Бразил на 10 јули.
Во тимот се најавени за настап и францускиот напаѓач Килијан Мбапе и Бразилецот Нејмар.
ПСЖ има максимални девет бода по три кола и се наоѓа на врвот на табелата. Вечерашниот судир против Ремс започнува во 20:45 часот.