Е.Пелистер не успеа да дојде до победа на првиот натпревар дома против Мешков Брест во првата четвртфинална пресметка за место на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига. Предводникот на Пелистер Жељко Бабиќ и неговите момци беа поразени со четири гола (31-27), негатива која ќе мора да ја надокнадат доколку сакаат да заверат билет за Задар, домаќинот на Ф4.
Единствена шанса да го сторат ова ќе имаат денеска (16 часот). Во Брест ги чека нова тешка задача, но вербата не е загубена, ракометарите на Е.Пелистер сметаат дека на првиот дуел не се покажале во најдобро светло, имаат сили за многу подобро издание.
“Загубивме, но не со голема разлика за да се откажеме. Напорно работевме неделава, нема што да загубиме, треба да се бориме и да се надигруваме. Можеме да стигнеме до позитивен резултат.
Мешков Брест е квалитететн тим. Сепак се четвртфиналисти на Лигата на шампионите. Имаат играчи од калибарот на Скубе, Кашпарек, Ваилипау. Имаат квалитетни индивидуалци, но не значи дека ние немаме доста квалитетни играчи и најважно ќе биде кој повеќе ќе сака да победи.” – изјави голманот на битолчани Марко Кизиќ.