За успехот да биде поголем, кошаркарот од Струга до ова неверојатно поентерско остварување дојде без ниту една постигната тројка, а со 22 прецизно изведени слободни фрлања.
„Премногу сум возбуден бидејќи се уште не си верувам дека успеав да постигнам толку многу поени на натпреварот. Овој рекорд ќе биде голем мотив за мене и моето семејство да работиме и да стигнеме таму каде што сакам да се најдам, а тоа е врвот. Ќе работам напорно да станам кошаркар во целосна смисла на зборот“, изјави Шабани за Клан Македонија.
Талентираниот кошаркар веќе е добро познат на предводниците на македонската кошарка. Шабани веќе беше дел од повеќе репрезентативни акции и кампови под капата на КФМ. Оттаму од него очекуваат да продолжи напорно да работи и да се развива и за неколку години да се најде и во сениорскиот национален тим.