Ламар Одом имаше бурен живот, а сега откри шокантни детали. Во разговор со новинарите кажа дека сопственик на јавна куќа се обидел да го убие пред пет години.
Одом пред пет години падна во кома поради конзумирање на кокаин, вијагра и алкохол, а прогнозите беа дека нема да преживее.
„Не користев дрога таа ноќ. Хоф сакаше да ме убие. Зошто? Не знам. Можам да ви кажам дека бев таму, но не користев дрога“, вели Одом.
Поранешниот кошаркар негираше дека бил четири дена во јавната куќа во која наводно потрошил 75.000 долари на кокаин.
„Бев таму само една вечер, пиев малку и потоа се разбудив во болница по неколку дена. Не можев да зборувам, ниту да се движам“, открива бившиот кошаркар.
Одом имаше успешна кариера во НБА и играше за Клиперс, Мајами, Лејкерс и Далас.