Словенецот средбата ја заврши со 24 поени, десет скока и осум асистенции, а имаше и неколку фантастични потези, како луцидната асистенција до Макси Клебер, откако ја протна топката низ нозете на противничкиот кошаркар. Карл-Ентони Таунс ја предводеше Минесота со 20 поени и девет скока, а вкупно седум играчи постигнаа десет или повеќе поени во редовите на победничката екипа.
Со овој триумф, „волците“ се искачија на шестата позиција во Западната конференција, последна која директно води во плејофот, веднаш зад „телињата“ од Тексас, кои се петти со изедничен учинок како и четвртопласираната Јута џез.
РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Јута 107-101, Детроит – Вашингтон 97-100, Атланта – Голден Стејт 121-110, Мајами – Њујорк 103-111, Минесота – Далас 116-95, Портланд – Хјустон 106-125, ЛА Клиперс – Филаделфија 97-122