Болоња, клубот на српскиот тренер Синиша Михајловиќ на кој се врати леукемијата и ќе мора да оди на нови третмани, реши да му понуди нов договор на тренерот како знак на поддршка .
Откако Синиша Михајловиќ најави дека повторно ќе мора да оди на здравствени третмани поради враќањето на леукемијата, неговиот клуб Болоња е подготвен да му го продолжи договорот во знак на поддршка.
Михајловиќ има договор до летото следната година, а според Corriere dello Sport, клупските челници Џои Сапуто и Клаудио Фенучи се подготвени да го продолжат договорот на уште една година.
На Михајловиќ му беше дијагностицирана леукемија во 2019 година, а на почетокот ја победи тешката болест со хемотерапија и трансплантација на коскена срцевина. Поради новите третмани тој ќе пропушти неколку натпревари, па тимот ќе го преземе помошникот Мирослав Тањга.
Михајловиќ е на клупата на Болоња од 2019 година, кога му беше дијагностицирана болеста, а во својот мандат успешно го задржа прволигашкиот статус, па клубот реши да застане зад него.