Кошаркарите на Кливленд во феноменален натпревар по продолжение го совладаа Чикаго Булс со 145:134, а незаборавна партија одигра домашниот играч Донован Мичел, кој постигна 71 поен. Тој го одведе натпреварот во продолжение и стана првиот играч по легендарниот Коби Брајант кој постигнал над 70 поени на натпревар во НБА.
Ваков натпревар во најсилната лига на светот се чекаше 17 години, поточно од 22 јануари 2006 година кога Коби го наполни кошот на Торонто.
„Биковите“ настрадаа пред Мичел, имаа два поени разлика на крајот од регуларниот дел, но незапирливиот кошаркар на Кливленд намерно промаши слободно фрлање, ја фати топката и погоди за продолжение.
Во продолжението Кливленд оствари голема победа, а Мичел постигна 71 поен со што стана само седмиот играч во историјата на НБА со 70 поени на еден натпревар.
Пред Мичел, само Вилт Чембрлен, Коби Брајант, Дејвид Томпсон, Елгин Бејлор, Дејвид Робинсон и Девин Букер успеаја да го постигнат овој подвиг.
Покрај 71 поен, Мичел имаше 11 асистенции и осум скока. Погоди 22/34 од поле, 7/15 за тројки, додека од „пенал“ постигна 20 поени од 25 обиди.