Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, беше најзаслужниот играч за синоќешната голема победа на Уникс на гостувањето кај ЦСКА Москва (84-78) со која неговиот тим и теоретски го обезбеди првото место во ВТБ лигата пред плејофот.
Нено одигра феноменален натпревар, па беше пофален и од тренерот на противникот и негов сонародник, Емил Рајковиќ, кој во суперлативи говореше за партијата на Македонецот.
„Честитки за УНИКС и особено за Димитриевиќ, кој денеска беше незапирлив. Користевме различни типови на одбрана, различно браневме пик-ен-рол, се обидувавме да удвоиме, но секој пат тој брзо наоѓаше продолжение на нападот и играше ефективно еден на еден. Имавме моменти кога имавме водство и го контролиравме натпреварот. Но, во клучните моменти УНИКС и особено Димитриевиќ играа подобро“, изјави Рајковиќ.
Популарниот Нено одигра животка партија, постигнувајќи рекордни во кариерата 38 поени со по само едно промашување за два и за три поени.