Koшаркарите на Реал Мадрид го загубија првиот меч на домашен терен во шпанското првенство, а бодовите од главниот град ги однесе вечниот ривал Барселона.
Каталонците направија пресврт по негативата во првото полувреме и победија со 87:78 во новогодишното баскет „Ел Класико“.
Кори Хигинс и дуото Никола, Лапровитола и Миротиќ ги предводеа гостите до сладок триумф во вечното шпанско дерби за прв пораз во седмиот меч во Мадрид за Реал.
Лапровитола постигна 19 поени со шест асистенции, Хигинс имаше 18 поени, а Миротиќ даде 12 поени. Одличен беше и Јан Весели со 11 поени.
Кај домаќините најефикасен беше Валтер Тавареш со 19 поени. Јабуселе и Муса дадоа по 14 поени, но Реал остана без бодовите.
Како утеха за домаќинот е потегот на мечот, а го имаше ветеранот на Реал Мадрид, Серхио Љуљ.
Тој погоди тројка од пола терен со една рака, или популарната „Мандарина“ во последната секунда од првото полувреме, кое заврши со предност на „Кралевите“ со 44:42.
Двете екипи сега се заедно на врвот на табелата со идентичен ефект од 11 победи и три порази, а можат да им се приклучат и Тенерифе и Басконија, ако победат во своите мечеви од 14. коло.