Причина за тоа е повредата на Килијан Мбапе, кој по само половина час мораше да ја напушти играта. Нема информации за тежината на повредата на капитенот на ПСЖ, а сите се надеваат дека таа не е толку сериозна и дека тој ќе му биде на располагање на тренерот за мечот против Клермон следниот викенд, но пред се за дуелот со Њукасл за десетина дена. Стрелци на погодоците за „светците“ беа Хакими и Коло Муани во првото полувреме и Гонсало Рамос со два погодоци во вториот дел.
За ПСЖ ова е трета победа во шестиот меч сезонава во Лига 1, и се наоѓа на третата позиција на табелата со 11 бодови, еден помалку од Ница, а два од Брест.
Марсеј остана на 9 бода, ПСЖ има два повеќе и заостанува два бода зад изненадувачкиот лидер Брест.
Рамош, кој влезе во 32 минута на местото на Мбапе беше двоен стрелец, зголеми на 3-0 во 47, а потоа ја тресеше мрежата на противникот и во 89. минута. Ова беше и конечниот резултат на оваа средба.