Дефанзивецот се пресели во Украина во јануарскиот преоден рок од редовите на Левски Софија. Тој изјави дека моментално е безбеден во својот град Полтава и дека клубот им најавил на странците дека ќе организира транспорт до некоја од соседните земји.
„Градот Полтава каде што се наоѓаме не беше цел на напад. Во овој момент сме безбедни. Од клубот има најава за странците, кои сме тука да се организира превоз со мини бус и евентуално да бидеме спроведени до некоја граница. Но, мора да се создадат услови. Во моментот воздушниот простор е затворен, а нема ниту возови. Ги чекаме инструкциите од клубот. Во градот моментално работат само маркети и многу мал број на ресторани. Доколку има некои нови информации ќе се обидам да пренесам”, изјави Зајков за Фудбалската федерација на Македонија.