Ова е реакција на денешниот руски напад врз Украина, по што западните земји почнаа со санкции против власта во оваа држава, но и сите големи поддржувачи на режимот на Путин. Абрамович во В. Британија престојувал со израелски пасош, чиј државјанин станал во 2018 година, но тоа нема да го спаси од протерување. Тој повеќе никогаш нема да може да се појави на англиско тло, нешто што однапред му било јасно, поради што со месеци се немал појавено ниту на „Стемфорд бриџ“, ниту во својот дом во лондсонската елитна населба Кенсингтон.
Богатството на Абрамович се проценува на 8,4 милијарди фунти, а неговиот имот вклучува недвижен имот, но и неколку суперјахти, од кои само една, по име Соларис, вреди 450 милиони фунти. Тој никогаш немал британско државјанство. Рускиот милијардер своето богатство го стекнал со продажба на недвижен имот и имоти кои биле во сопственост на државата пред распадот на Советскиот Сојуз. Фудбалскиот клуб Челзи го купи во 2003 година, по што од просечен премиерлигаш го направи во еден од најуспешните фудбалски клубови во 21 век.