Тој настрада во тешка сообраќајна несреќа.
„Клубот жали за Јорди, кој загина вчера во сообраќајна несреќа. Изразуваме сочувство до неговото семејство. Засекогаш ќе остане во нашите мисли и срца“, стои во клупското соопштение.
Бонгард беше дел и од младинските селекции на Германија и редовно настапуваше за младата екипа на Борусија Менхенгладбах.