Натпреварот беше решен во првите дваесетина минути, во кои Алваро Мората по само 184 секунди прв ја затресе мрежата на Кепа, а потоа Гризман во 17. минута го удвои водството. Потврда на триумфот дојде на самиот старт на второто полувреме, со втор гол на Мората, а претходно Крос со гол во 35. минута за момент донесе надеж за пресврт кај „кралевите“. За одбележување е што домаќинот сите три гола ги постигна со удари со глава.
Атлетико со овој триумф се приближи до врвот од табелата во Ла Лига и тоа со 10 бодови со меч помалку од конкурентите, додека Реал Мадрид падна на третата позиција со 15 бодови од шест средби, по еден помалку од Барселона и големото изненадување Џирона.