Адвинкула тргна безглаво по загубена топка и направи прекршок со кој можеше да му ја скрши ногата на противникот, па судијата заслужено го испрати во соблекувалната. Ова дефинитивно е најбрзото исклучување во историјата на јужноамериканскиот фудбал.
Бока по изведување на пенали беше елиминирана, откако средбата во регуларниот дел заврши со 2-1 за Крузеиро, кој така ја надомести негативата од 0-1 на првиот дуел.