Љубителите на фудбалот, особено италијанската Серија А, добро знаат која е Дилета Леота.
Оваа згодна русокоса мами со својот изглед и сексипил каде и да се појави. Таа будно ги следи натпреварите од италијанското првенство, а има направено и многу интервјуа со ѕвездите од Серија А.
Бидејќи полусезоната во Италија заврши, таа можеше да си посвети повеќе време на себе. Популарната спортска новинарка реши да се посвети на тренинзите за да биде што поподготвена за периодот од годината кога качи некој килограм вишок. 30-годишната Сицилијанка сподели видео на Инстаграм како вежба во дневната соба во тесни хеланки, со соодветен новогодишен декор и музика.