Легендата на Јувентус, сега голман на Парма, Џиџи Буфон уверува дека одлуката на „Старата Дама“ да го донесе Кристијано Роналдо од Реал Мадрид била погрешна.
„Јувентус имаше можност да ја освои Лигата на шампионите во првата година кога тој пристигна, тогаш јас бев во Париз. Не можам да кажам што се случи. Кога се вратив, работев со Кристијано две години и нашиот однос беше добар, но мислам дека Јувентус ја загуби својата ДНК како тим. Кога стигнавме во финалето од Лигата на шампионите во 2017 година, тоа се случи бидејќи работевме како едно, како тим. Имаше конкурентност за позициите во тимот, се бореа сите за да се најдат во стартните 11. Со Кристијано Роналдо го загубивме тоа.“ – објаснува Буфон.
По заминувањето на Роналдо од Јувентус и кам-бекот во Манчестер Јунајтед, „Ѓаволите“ влегоа во резултатска криза а Солскјер заработи отказ.