Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане го објави заминувањето од овој клуб.
Откако не беше постигнат договор за продолжување на соработката меѓу Сенегалецот и клубот од Енфилд, сигурно е дека Ливерпул ќе го понуди еден од најдобрите играчи на пазарот.
Навивачите на Ливерпул се надеваа дека тоа нема да се случи, но сенегалскиот репрезентативец по прес-конференцијата го скрши нивниот оптимизам.
Во Сенегал беше организирана анкета и се поставуваше прашањето дали Мане треба да остане во Ливерпул, а најголем дел од испитаниците изјавија дека нивниот сонародник не треба да остане на „Енфилд“.
“Како и сите други, јас сум на социјалните мрежи, читам коментари. Околу 60-70% од луѓето сакаат да го напуштам Ливерпул? Ќе направам што сакаат тие, ќе се видиме наскоро”, изјави Мане.
Мане најави дека одлуката за заминување од Ливерпул ќе ја донесе по финалето на Лигата на шампионите, а на прес-конференцијата по натпреварот го исполни тоа ветување.