Репрезентациите на САД и Мексико изборија директен пласман на Светското првенство во Катар од квалификациите на Северна и Централна Америка, додека Костарика се пласира во дополнителни квалификации .
Откако канадските фудбалери се пласираа на Светското првенство во последното коло од квалификациите, во Конфедерацијата на Северна и Централна Америка (КОНКАКАФ), Мексико и САД сепак ја постигнаа таа цел.
Само Костарика можеше да им го загорчи животот на самиот крај од квалификациите, но чудото не се случи. Мексико го направи своето со победата од 2-0 на домашен терен на митскиот стадион Ацтека против Ел Салвадор.
Мексиканците го решија натпреварот во првото полувреме, Антуна го постигна првиот гол во 17. минута, додека во 43. минута Хименез погоди за конечни 2:0. Мексико на крајот собра исто толку бодови како и првопласираната Канада, а Мексиканците ќе бидат во вториот шешир на ждрепката .
Во истиот „шешир“ на ждрепката ќе бидат и Американците кои загубија во последното квалификациско коло во Сан Хозе кај Костарика (0:2), но го задржаа третото место и директниот пласман на Мундијалот.
На почетокот на вториот дел Костарика со двата брзи гола (Варгас во 51. и Контрерас во 59. минута) ја подгреа надежта за чудо што не се оствари, но Костарика се уште има шанса да оди на Мундијалот на крајот на годината. Имено, Костарика ќе игра финале на интерконтиненталните дополнителни квалификации. Последната пречка на патот кон Катар е Нов Зеланд.
Опиени од успехот постигнат претходно во колото, канадските фудбалери играа против Панама и беа поразени со 0:1. Единствениот стрелец беше Торес на почетокот на вториот дел.
Хондурас водеше со 1-0 за Јамајка, но Бејли и Морисон постигнаа гол до крајот на првото полувреме за пресврт и славење на Јамајканците.
Квалификации за Светско првенство, зона КОНКАКАФ (14. коло):
Панама – Канада 1:0
Јамајка – Хондурас 2:1
Мексико – Ел Салвадор 2:0
Костарика – САД 2:0