Потрес во Каталонија: Пике се враќа на фудбалот! Поранешниот шпански репрезентативец и долгогодишен дефанзивец на Барселона, Жерард Пике преку социјалните мрежи денеска објави дека му се враќа на фудбалот.
Иако не објави повеќе детали, со самата објава го потресе шпанскиот фудбал имајќи предвид дека вакво нешто никој не очекуваше.
„Почеток е на новата година и по долго внимателно размислување, одлучив да му се вратам на фудбалот бидејќи многу ми недостасува. Овојпат нема да бидам фудбалер, туку тренер. Кон крајот на неделата ќе споделам и други информации“, рече Пике.
Легендарниот стопер на Барса замина во играчка пензија пред нешто повеќе од една година и оттогаш беше фокусиран на своите бизнис проекти.