Динамо Загреб ја победи Истра со 2-0 во Пула во заостанат натпревар од 4. коло на Хрватската прва лига. Во 10. минута голот за Динамо го постигна Амер Гојак, а во 97. капитенот на македонската репрезентација Ристовски погоди за 2:0.
Истра тргна со сите сили да израмни во судиското продолжување, сите играчи излетаа во последниот корнер, но топката стигна до Ристовски, кој од центарот ја погоди празната мрежа за 2:0.
Со овие три бода Динамо се искачи на второто место во ХНЛ. Избраниците на Жељко Копиќ имаат ист број бодови (и натпревар помалку) како Риека, но имаат подобра гол разлика.