Во наредните недели со интерес ќе се следи списокот на учесници на Вимблдон, може да има доста откажувања поради небодувањето за ранг листите на АТП И ВТА .
Организаторите на Вимблдон, кој започнува на крајот на месецот, во сабота објавија поширок список на учесници, но во него не се ниту осумкратниот победник 40-годишниот Швајцарец Роџер Федерер ниту седумкратната победнична на турнирот , 40-годишната Американка Серена Вилијамс.
И Федерер и Серена Вилијамс сепак би можеле да се појават на Вимблдон, бидејќи се уште не е познато кој ќе добие специјални покани за настап.
Специјалните покани и распоредот на квалификациите и главната ждрепка ќе бидат познати непосредно пред почетокот на турнирот. Добитниците ќе бидат познати наскоро, го следиме женското и машкото светско рангирање“, напишаа организаторите на третиот грен слем турнир на сезоната започнува на 27 јуни и трае до 10 јули .
Федерер нема играно на АТП турнирите од минатата година и загуби во четврт-финалето на Вимблдон. Потоа мораше да го оперира коленото поради повреда.
Серена Вилијамс исто така нема играно од минатогодишниот Вимблдон кога го откажа настапот поради повреда.
Нема да го има ниту вториот тенисер во светот, Данил Медведев, неговиот сонародник Андреј Рубљев и сите руски и белоруски играчи кои добија забрана за настап од организаторите поради рускиот напад на Украина.