Македонските фудбалски интернационалци, Марио Илиевски и Влатко Дробаров беа на стрелци на по еден гол за своите тимови во победите на ЦСКА 1948 и Черно Море во натпревари од 18. коло во првата лига на Бугарија.
Екипата на ЦСКА од Софија триумфираше над градскиот ривал Септември со 2-0, победата ја најави Македонецот Илиевски со голот што го постигна за водство, а асистент беше Бојчев.
За Илиевски овој гол беше четврти во бугарската прва лига, а има остварено и една асистенција.
Уште еден македонски фудбалер, дефанзивниот играч Дробаров го постигна третиот гол оваа сезона во Бугарија и тоа во пресметката против Локомотив Софија. Неговиот тим Черно Море го растури противникот со убедливи 4-0. Дробаров беше стрелец на четвртиот гол со што ја запечати убедливата победа на неговиот тим.