Челниците на Реал Мадрид подготвија интересна понуда за Челзи, а нивна цел е десниот бек Рис Џејмс.
Џејмс оваа сезона игра одлично во дресот на Челзи,кого Реал ќе се обиде да го „намами“со својот поранешен играч Еден Азар.
Имено, Реал му го нуди на Челзи , Азар и пари за Џејмс. Првично, планот беше да се понудат 60 милиони евра за Џејмс, а додавањето на Азар во трансферот ќе ја намали таа цена.
Сепак, голем проблем е што Џејмс има уште три години договор и сигурно е дека Челзи ќе бара многу повеќе пари, доколку воопшто планира да се ослободи од одличниот млад играч.