Екипата на Бетис од Севиља, оствари голема победа во трката за евро-куповите, победувајќи ја Валенсија со 1-2 на „Местаља“. Ајозе Перез беше херојот на гостинската екипа бидејќи беше двоен стрелец. Тој го отвори резултатот во 19. минута (0-1), а во 66. минута Пепелу реализира пенал за 1-1. Перез со уште еден гол во финишот ја донесе победата на Бетис.
Со овие три бода Бетис се искачи на седмото место со 48 бода, оставајќи ја Валенсија зад себе со 47.