Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски игра одлична сезона во дресот на Абердин, сезона која дефинитивно може да му донесе значаен, голем трансфер во блиска иднина.
Во меѓувреме неговите добри партии добиваат признанија, па така нашиот ас доби место во тимот на сезоната во Шкотска. Во гласањето на колегите Бојан беше избран во нападот во формацијата 4-3-3.

Најголемиот дел од избраницте доаѓаат од Селтик и Ренџерс, односно освен Миовски од другите екипи се Лоренс Шанкленд од Хартс, Тио Бер од Мадервил и Овен Бек од Данди.

https://x.com/PFAScotland/status/1781601474864111813