Легендата Ривалдо често се јавува со искрени и доста жестоки пораки за случувањата во неговиот сакан клуб Барселона, па така откако пред една недела заклучи дека Реал Мадрид во моментов е далеку подобар тим, во најновото обраќање како амбасадор за „Бетфер“ реши да подели неколку совети до управата.
– Треба да си оди, а со Де Јонг се случува нешто слично. Иако ја игра својата петта сезона во клубот, неговата ситуација постојано е иста. Клубот мора да се раздвижи и да донесе други играчи. Сигурен сум дека Барселона може да најде играчи на негово ниво, па дури и подобри од него.
– Педри? Со него ситуацијата е друга. Би сакал да го гледам долго во Барселона. Се уште има многу за понудување. Тој е голем фудбалер и со својот талент може да донесе големи нешта за Барса, – вели Ривалдо.