Како гостин, Арсенал го победи Лестер (2:0) во 10. коло од Премиер лигата, со што ја продолжи одличната форма.

Избраниците на Микел Артета славеа со головите на Габриел (5′) и Смит Роу (18′), а еден од хероите беше голманот Рамсдејл, кој се истакна со неколку исклучителни одбрани, особено  во 43. минута кога со помош на стативата тој на феноменален начин ја сочува својата мрежа по слободниот удар на Медисон.

Арсенал сега има серија од дури девет натпревари без пораз во сите натпреварувања, забележувајќи дури седум победи. Последниот пораз го забележа на крајот на август, кога загуби на гостувањето кај Манчестер Сити (5:0). Лондонскиот тим сега е петти на табелата.

Лестер ја прекина добрата форма од четири последователни победи во сите натпреварувања и падна на 10. место во Премиер лигата.

ВИДЕО