Роналдињо беше фудбалер кој блескаше на теренот, но беше и човек кој не сакаше да биде сто отсто посветен на „убавата игра“, сакаше ноќни забави, девојки, алкохол… И поради тоа и самиот е свесен дека можеше на фудбалски план да направи и многу повеќе од тоа што го имаше во кариерата, а најблескавиот дел му е во Барса од 2003 до 2008 година.
„Сите сакаа да играм до 40 години, ама да го сакавте тоа ќе требаше да ги затворите сите дискотеки и сите места каде има алкохол, зашто јас не сакав да живеам како затвореник. Уживав во животот, во младоста, сакав да поминувам цели ноќи на забави, ама и покрај тоа успевав да покажам многу на теренот“, вели Роналдињо.
Со Бразил беше светски првак во 2002 година, ја освои и Копа Америка, Купот на Конфедерации, а севкупно одигра 97 меча за „кариоките“ и даде 33 гола.