Тотенхем со убедлива победа над Саутемптон (4-1) ја почна новата премиерлигашка сезона, во која се надеваат дека, конечно, ќе се вмешаат во борбата за највисок пласман на табелата.
Гостите први го отворија резултатот преку Вард-Проуз во 12. минута, но со тоа само ги налутија „петлите“. Сасењон изедначи по само девет минути, а на истекот на првите половина час Даер донесе целосен пресврт. Салису со автогол во 61. минута само го зголеми водството на Тотенхем, а Кулушевски две минути подоцна го постигна конечниот резултат.